Убавина

Минимализмот во служба на убавината

Исто како во облекувањето, шминката и фризурата трпат мала драматилност. Но, новата убавина е малку нереална, ладна и недостапна, но тоа незначи дека не е симпатична и ккетна. Елеганцијата и едноставноста некогаш се вистинскиот одраз за една безвременска убавина.

Во тренд е доминацијата на оцртување на очите, со моливче или сенка, но и прецизно дефинирање на усните. Моментален тренд е бордо бојата, особено на блед и светол тен. Веќе неколку години наназад од мода не изглеуваат очите нашминкани со црна боја, со истакнати црни трепки, но бледа усна. Таквиот изглед не е агресивен ниту драматичен, но секогаш е елегантен.

Кога станува збор за фризурата, рамната, убаво исчешланата коса врзана во едноставна пунџа на секого ќе му даде доза на елегантност и современ изглед. Кадриците оваа сезона ќе останат зад нас, а приоритет се дава на едноставните мазни форми.

Напиши коментар