Кремаста торта со фантастичен вкус !!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
12 јајца
24 лажици шеќер + 200 грама за грилијаш
150 грама мелени бадеми
150 грама мелени лешници
150 грама мелени ореви
6 лажици брашно
2 лажици млеко
250 грама путер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Прва кора:
Изматете 4 белки, 4 лажици шеќер, 150 грама излуштени мелени бадеми, 2 лажици брашно и печете на 180 степени Целзиусови 15 минути.
Втора кора:
Исто како првата но наместо бадеми додадете ги мелените лешници.
Трета кора
Изматете 4 белки, 4 лажици шеќер и грилијаш ( 200 грама шеќер кој треба да се карамелизира и откако ќе се карамелизира се додаваат 150 грама ореви. Кога карамелот ќе се олади треба да се измеле)
Фил:
Добро изматете 12 јајца со 12 лажици шеќер, додадете 2 лажици млеко и кремот сварете го на пареа.
Кога кремот ќе се олади додадете го добро изматениот путер и добро измешајте.
Филувајте ја тортата и украсете ја по желба.
Уживајте!!!