ШоуБиз

Миранда од „Сексот и градот“ цврсто ги брани лезбејките!

Ѕвездата од „Сексот и градот“ Синтија Никсон (45), која ја глумеше улогата на Миранда, сè повеќе се залага за правата на хомосксуалците. Како што знаеме, таа самата јавно призна дека е лезбејка и моментално е свршена со својата партнерка Кристин Маринони со која го имаат 11-месечниот син Макс.

Претходно, Синтија била во брак со Дени Моузес цели 15 години и со него имаат две заеднички деца, 15-годишната Саманта и 9-годишниот Чарли. Неодамна во едно интервју таа потенцирала зошто го зазела ставот за кој цврсто се држи:

–          Сум била и стрејт, сум била и геј. Верувајте, геј е далеку подобра опција. За мене, да бидам геј беше избор, иако знам дека за многу луѓе не е така. Јас цврсто се држам за таа одлука.

–          Зошто да се биде геј не може да биде избор? Зошто не може сето тоа да биде легитимно? – се завршните зборови на актерката, која неодамна се ишиша ќелава за потребите на најновата улога.

Напиши коментар