ШоуБиз

Miranda од „Сексот и градот“ се ожени со девојката!

По три години свршувачка со цел да се поддржи бракот помеѓу истополни партнери, кој секако во тој време не беше легален во Њујорк, во неделата актерката Cynthia Nixon стапи во брак со својата партнерка Christine Marinoni.

Нам многу попозната по улогата на Miranda во фамозниот серијал „Сексот и градот“, Cynthia стапила во цивилен брак во Њујорк и носела обичен фустан, креација на Carolina Herrera. Засега не се познати други детаљи од венчавката.

Актерката (46) и образовниот активист (45) се заедно од 2004 година, а Marinoni го роди нивниот заеднички син Max Ellington Nixon-Mаrinoni во февруари, 2011 година.

Двојката чекала бракот меѓу луѓе од ист пол да стане легален во државата Њујорк за да ја спроведат официјалната брачна постапка. Тоа се случи минатото лето.

Напиши коментар