Sweet Home

Missoni постелнини – за слатки и шарени сништа…

Новата и силна приказна од Missoni е средба на природата со фантазијата, страстите и геометријата, спој на инспирацијата и техниката, линеарните форми, извајаните облици и силниот електицизам во користењето на жива палета бои.

Missoni е новата генерација на дизајнерски вештини, создадена преку сопружниците Ottavio и Rositi Missoni. После нивнот обид во модниот дизајн, нивното „ вмешување прсти “ во водите на дизајнот на ентериер, се исплатеше.

Шароликите бои, мозаиците кои ги украсуваат теписите, преубавите пернички, се плод на нивната фантазија. И најновата колекција Missoni Home 2012, продолжува во ист тон. Новите свежи бои за Missoni Home 2012, Пролет/ Лето 2012, се откриени на саемот во Париз, Maison&Objet.

Вртоглаво оригиналниот идиом го менува изразот на проверените формули и комбинации. Во новата Missoni колекција на постелнини, тоновите се живи, интензивни и богати со ведри и силни бои. Полихроматските нијанси се прелеваат и на крај резултираат со експлозија од бои. Магијата на преубавиот декор на постелнините Missoni се состои во фината ткаенина и комбинација од бои, кои дизајнерите ги обожуваат. Силните и егзотични бои на постелнини се појавуваат во шармантни принтови на платно или во сенка на симболичните ткаенини.

Ако сакате Вашата спална соба да добие нов и потполно друг изглед, Missoni постелнините со своите шари и бои, веќе прославени низ целиот свет, се токму она што Ви треба. Резултатот ќе биде топла и примамлива атмосфера, во која ќе уживате секој ден…

Напиши коментар