Art & Crafts

Митови за човечкото тело – заблуди кои мора да прераснат во вистина !!!

Постојат длабоко вкоренети убедувања за човечкото тело кои се пренесуваат од колено на колено. Уште од мали ги слушаме советите на нашите мајки, баби, учители, па и лекари, за кои сме убедени дека се добри за нас, а всушност немаат никаква научна основа.

Ви ги претставуваме десетте  најголеми митови, поврзани со човечкото тело !!!

1. Влакната после бричење стануваат погусти

Доста е проширено уверувањето дека бричењето на влакната предизвикува тие да станат поцврсти и погусти. Тоа не може да биде точно бидејќи бричењето ги отстранува само мртвите влакненца на површината на кожата и не влијае на типот на растот. Избричената кожа може само да стане погруба поради скинатите врвови.

2.Читањето во полумрак го оштетува видот

Кога читате во слабо осветлена просторија, очите се напрегаат малку повеќе од вообичаено, но нема научен доказ дека долгорочно ќе го оштетите видот. Полумракот предизвикува уморни и суви очи, но без последици, освен ако постојано читате во мрак.

3.Опасно е да бидеш месечар

Се верува дека е опасно да ја будите личноста која месечари, но всушност полоша е опцијата да го оставите, бидејќи може да се повреди. Најдобро е да го испратите назад до креветот. Така нема да се чувствува дезориентирано и збунето.

4.Потребни ни се осум часа сон

Иако стручњаците тврдат дека секоја ноќ ни се потребни осум часа сон, за да можеме да функционираме нормално во текот на денот, тоа не се однесува на сé. На некои луѓе им е потребно помалку сон.

5.Алкохолот ги уништува мозочните клетки

После бурната ноќ во која испивте малку повеќе, Ви се чини дека не можете да размислувате нормално??? Алкохолот е штетен, но освен ако не пиете чист етил алкохол, нема да ги уништите мозочните клетки.

6.Мора да пиеме 8 чаши вода

Митот за 8 чаши вода потекнува од 1945 кога на јавноста и се препорачува „ дневна доза “ од осум чаши течност, за здравје. На човечкото тело му се потребни повеќе течности, но и внес на храна и други напитоци, не само вода.

7.Супер фит – значи супер здрав

Бавењето со спорт е здраво, но претерувањето во вежбањето и телесната активност, често предизвикуваат здравствени проблеми. Професионалните спротисти се под голем ризик поради различните потреби, но не се само тие во опасност. Ако вежбате секојдневно, повеќе од два часа, поголема е можноста за хроничен умор, несоница, депресија, проблеми со менструалниот циклус и намалена сексуална желба.

8. Се здебелуваме поради бавен метаболизам

Се претпоставува дека побрзиот метаболизам предизвикува согорување на повеќе калории. Но дебелината не е предизвикана само со брзината на метаболизмот, туку и други фактори, како нездрава исхрана, недостаток на вежбање и друго.

9. Мокра коса во зима предизвикува настинка

Иако се верува дека студот предизвикува настинка, не постои поврзаност помеѓу нив. Поголема е веројатноста луѓето во зима да се заразат во затворени простории, бидејќи пренесуваат вируси едни на други.Истражувачите дури и тврдат дека студеното време го зајакнува имунитетот.

10. Високиот заштитен фактор штити од рак на кожата

Средствата за заштита од сонце, навистина ја штитат кожата од настанок на изгореници и прерано стареење, но не се доволна и потполна заштита од настанок на рак на кожата. Кога сте на сонце, задолжително користете средства што користат заштита од UVA и UVB зраци, а за време на најсилното сонце ( 11 – 16 часот ), бидете на сенка.

Напиши коментар