Здраво тело

Млечните производи не прават попаметни

Консумирањето млеко, сирење, кашкавал и други млечни производи играат важна улога во развојот на менталните сопсобности, тврдат научниците.

Една заедничка студија на американските и австралиските научници која опфатила 1000 испитанци, кои биле поделени на оние кои секојдневно внесуваат млечни производи и на оние кои воопшто не внесуваат, ги дала овие резултати.

Студијата покажала дека оние кои почесто консумираат млечни производи постигнуваат подобри резултати на тестовите за ментални способности, пренесува Дејли Мејл.

Предходните студии покажале дека активноста на човечкиот мозок зависи од снабдувањето со масти, бидејќи мозокот се состои од 60% масти, додека слојот на мозочните клетки до 75%.

Тој миелински слој е од витална функција за пренесување на информациите од ќелија до ќелија и што побеќе го има толку побрзо информациите ќе бидат пренесени.

 

Напиши коментар