Здраво тело

Млеко – гориво за вашиот мозок

Една чаша млеко за здрав мозок.

Оние кои редовно пијат млеко имаат и до пет пати подобри резултати на тестовите за памтење.

Луѓето кои редовно консумираат млеко и јадат млечни производи ( јогурт, сирење, урда…) имаат подобро перцепција и моќ на памтење. Мозокот на луѓето кои во текот на неделата јадат од 5 до 6 млечни оброци работи побрзо и подобро, а ризикот од сенилност е драстично помал, заклучуваат научниците од универзитетот Меин.

Истражувањето вклучувало 1000 испитаници од 23 до 98 години. Резултатите биле над очекувањата. Имено оние кои консумираат млечни производи имаат до пет пати подобра меморија и перцепција. Нема подобар начин за започнување на успешен работен ден од една чаша полумасно млеко. Се верува дека магнезиумот е клучната состојка во млечните производи кој ги штити мозочните станици од уништување, а истовремено го чува срцето и ги намалува ризиците за проблеми со крвниот притисок.

Напиши коментар