Здраво тело

Млекото – Најздравата здрава храна

Ако до сега не сте биле љубители на млекото и млечните производи, крајно време тоа да се смени. Имено новото истражување на American Journal of Clinical Nutrition докажа дека млекото е намирница која е најздрава здрава храна за човекот.

Резултатите на најновото истражување покажало дека личностите кои пијат до 3 чаши млеко во текот на денот имаат за 34 % помал ризик од кардиоваскуларни болести, и до 50 % го подобрува здравјето на консументите, здрави коски, заби, убава и ревитализирана коса и кожа, поголема енергија, помал ефект на стресни ситуации и многу многу други позитивни ефекти врз целиот организам.

„Млекото и млечните производи се најздравата здрава храна која ја консумира човекот. Тие се богати со природни хранливи состојки, како што се калиумот, протиените…млекото е најцеловитиот прехранбен производ, извор на висококвалитетни белковини, јаглехидрати, млечни масти, витамините А, Б, Ц, Д, Е, и К, минералите, калиум, фосфор, калциум и магнезиум… треба ли повеќе да се објаснува “ објаснува Cindy Schweitzer

„Пијте млеко и на тој начин вашиот живот ќе ви биде неверојатно благодарен“ завршува Cindy Schweitzer.

 

Напиши коментар