ШоуБиз

Модата на „BritAwards“

На доделувањето на Британските музички награди, Адел се појави во црн, долг фустан, дело на познатата марка Бурбери. Едноставно, класнично и препознатливо за Адел. Таа никогаш не бега од она што ѝ е сигурно.

Џеси Џеј дефинитивно била секс симболот на вечерта. Пејачката не оставила многу на имагинацијата на присутните кога се појавила во црвен фустан со тантели, а витканата коса совршено ѝ одговарала со долниот дел на тоалетата.

Кај Никол Шерзингер никогаш не може да се случи моден промаршај. Овој пат се појавила во фустан на Весраче, и иако изгледал претесно на Никол, таа била една од главните атракции на вечерта околу која се собрале бројни фоторепортери.

И за крај, ја оставаме креацијата која привлече најмногу внимание, односно фустанот на Ријана. Оваа креација е дело на Жиивенши високата мода. Во комбинација со кожни ракавици и високи потпетици, Ријана дефинитивно била ѕвезда на вечерта.

А вие? За која комбинација гласате?

Напиши коментар