Мода

Модата на овогодинешните „ Оскари “- најбрилијантно издание досега

Синоќешното доделување на најпрестижните филмски награди предизвика позитивни реакции уште при самата увертира. „ Црвениот тепих “  за многумина е и највозбудливиот дел, со оглед на комбинацијата од гламур, престиж и убавина која за холивудските дами е најлесната улога која некогаш им била доделена. Оваа година  Холивудските диви го покажаа своето грациозно тело, потпишано од светски познатите дизајнери, на магичен и софистициран начин, токму како што доликува на Холивуд

И оваа година насмеаните лица, ја покажаа својата најдобра страна- гламурот. Самиот „ Црвен тепих“ откри дека кодекс на облекување оваа година ќе биде сјајот, претставен преку едноставноста. Модните критичари и светската јавност, модата на овогодишните оскари ја оценија како едно од најбрилијантните. Можеби поради тоа што оваа година беше претставена во облик на едноставност, чисти тонови и прецизни линии… Комплетно, „Црвениот тепих “ е оценет со високи оцени…ние ексклузивно Ви ги доловуваме фотографиите за кои сме сигурни дека бевте толку љубопитни…

Погледнете ги и самите проценете зошто синоќа Холивуд….блескаше !!!

 

Напиши коментар