Мода

Модерни фармерки за Пролет/Лето 2012

Фармерките најчесто ги бираме според обликот на телото, но понекогаш и модата дозволува покорување на нашиот личен имиџ. Така, оваа сезона, модерни ќе бидат фармерки за сечиј вкус.

Модерни се тесни фармерки, фармерки со машки крој, фармерки со низок струк, подвиткани фармерки и рамни долги фармерки.

Сепак, најголема радост ќе предизвикаат фармерките во боја и фармерките со цветен принт. Најмодерни се сината, тиркизната, розовата, жолтата и зелената боја, како и цветните шари. Што се однесува до синиот тексас, модерен е во сите нијанси, од темни до светли. „ Скинатите  фармерки “ ќе бидат повторно актуелни, ги има во најновите колекции на сите брендови, во уште поубави изданија.

Модерните кроеви се нешто пократки, до или над глуждот, а подолгите фармерки се носат подвиткани.

Што се однесува до широките ( трапез ) ногавици, присутни се кај многу ѕвезди, но сеуште не претставуваат уличен тренд. Сепак, доколку го отсликуваат Вашиот стил, носете ги…

Напиши коментар