Убавина

Модерни фризури – топ 5 трендови за оваа сезона

Ако сакате да направите промена на вашата фризура, а за тоа немате идеја вие сте на правото место. Ги имаме петте модни трендови за оваа сезона, па одберете го она што најмногу ви прилега.

Француска елеганција

Таканаречените “chignon” фризури ги одбележаа сите ревии на Луи Витон, Шанел, Ив Сен Лорен… за оваа сезона. Кај овие фризури косата е прибрана доле кај тилот, и може да биде собрана во едноставна пунџа или пак да биде додатно украсена со по некоја плетенка. Најважно е да изгледа лабаво и природно.

Таласеста коса

Кога е пуштената коса во прашање, за оваа сезона модните стилисти ја препорачуваат брановидната коса. За да го постигнете овој изглед не ви треба многу труд. Се што ви е потребно е пена за коса, неколку виклери и чешел со широки запци. Навиткајте ја косата со виклерите, држете ја така во зависност од тоа колку е вашата коса мека и долга. Потоа расчешлајте ја со чешелот и нанесете и од пената за коса за да го задржи таквиот изглед подолго време.

“Несреден изглед”

Ако сеуште не сте се одлучиле како да се ишишате, еве еден предлог. Ова е една фризура за оние кои не сакаат да поминуваат многу време со четката и фенот во рака. Ишишајте се така што косата ќе го има оној убав “неуреден изглед”.

Минивал

Минивалот е повторно во тренд. И оваа сезона многу често ги гледаме “афро фризурите” на модните писти. Затоа ако имате долга коса направте нешто вакво. Тоа ќе биде голема промена за вас.

Живописни тонови

Во мода се косите кои се прелеваат во неколку нијанси. Слободно нанесете неколку бои на косата. Во мода се прамените, шатираната коса, омбре стилот, па дури и виножито на врвовите. Како и да е треба да имате неколку тонови на вашата коса. Тоа може да го направите со фарба или преливи.

Напиши коментар