Од опуштени кадрици преку романтично подигната коса, до залижани високи опавчиња…изборот од фризури за претстојнава сезона е навистина богат.
Сепак, како и кај претходните сезони, нешто е повеќе, нешто помалку модерно…
Ви ги претставуваме ултра модерните фризури кои ќе дадат белег на овој период…
1. Плетенки
Нема ништо поромантично, попрактично и полесно за правење од плетенките. Многу стилисти веќе се согласуваат со кажаново, па затоа и истите се на врвот од модерните фризури.


2. Подигната коса
Подигнатата коса во некој вид на пунџа, од залижана до разбушавена и полна со електрицитет…може да помине. Ако сте фан на стариот холивудски гламур тогаш прифатете го трендот на поделена коса со мазна пунџа, а доколку преферирате лежерен стил, подигнатата коса нека биде полежерна.



3. Шишки
Уште во 2010 година шишките го најавија својот камбек. А на модните писти остануваат и оваа сезона.

4. Патец на средината
Едноставните фризури со патец на средината на главата се доминантни оваа сезона, кај пуштените.


5. Кратка коса
Покрај долгата коса, модерни се и кратките pixie стилови.


6. Коса во опавче
За разлика од летото, кога пунџите имаат примат, оваа сезона дозволени се опавчиња од било каков вид.



