Sweet Home

Модерни и грациозни огништа

Топлината во домот е фундамент на семејната хармонија. Тоа мало катче од каде што излегува е извор на спокојство, заштита во низата зимски денови и стимул за страствените ноќи.

Во интерес на модерното уредување на домовите, заштедата на простор и потрагата по различното, Ви нудиме неколку интересни огништа кои не само што ќе внесат топла нота во семејното катче, туку ќе создадат магична идила за уживање. Функцијата е иста а формите градираат, од форма на солза, неправилна уметничка статуа, нежна инсталација на ѕидовите, се до џиновски фигури кои ќе бидат одлична шанса да „контрираат“ на минималистичкиот идеен план.

 

Напиши коментар