За да го направите вистинскиот избор на фармерки треба да тргнете од вашиот физички изглед и да одберете она што најдобро ви прилега, и при тоа да ги камуфлирате сите недостатоци. Од она што ни се нуди за оваа сезона, пролет-лето, дизајнерите ги предложуваат тесните фармерки кои ја пратат линијата на ногата.
Сето тоа бара убаво тело, па доколку имате вишок килограми би изгледале лошо. Затоа не го пратете слепо трендот. Одбирајте ги фармерките според вашето тело.
Кога се нијансите во прашање, сината е неизбежна. Ни премногу светли, ни премногу темни. Актуелни се и фармерките од бел и црн тексас. Она што посебно беше истакнато кај секоја колекција на фармерки е дека ногавиците беа подвиткани. Затоа ако сакате да бидете во тренд сторете го тоа.
