Мода

Модерни рамни чевлички за Пролет 2012

Првите сончеви зраци се ослободување во секој поглед. Доволен повод за ослободување од зимските темни мисли, но и тешката гардероба. Ние, девојките најубаво може да ја почувствуваме разликата од гломазните чизми, трансформирана во неодоливите рамни пролетни чевлички, кои со задоволство ги прифаќаме.

За оваа Пролет трендовите диктираат неколку модели на рамни чевлички кои би сакале да ги споделиме со Вас…

1. Чевли со „ отворен прст “ – Ваквиот облик е комбиниран со ведри бои, металик нијанси и лакирана кожа.

2.Чевли со различен врв – Тоа се оние чевлички кои имаат „ капичка “ на врвот. Истата, се разликува во боите, а често и во материјалите. Најчесто е металик или лакирана во ведри бои.

3.Лесни мокасинки во боја – Оваа Пролет откријте го лежерниот дух кој се крие во Вас и носете лесни мокасинки во ведри бои. Комбинирајте ги со бела чанта или чанта во боја на мокасинките.

4.Чевли со полна потпетица – Тие не се рамни, меѓутоа даваат еднакво лесен од. Доколку не ги сакате потполно рамните чевли, а сакате лежерен изглед, ова е вистинскиот избор за Вас.

Меѓутоа, тоа не значи дека другите видови не се модерни. Слободно носете балетанки со панделки, туфни, во анимал принт. Тие се сеуште модерни.

Напиши коментар