man fashion

Модерни спортски блејзери

Сега е идеално време за спортските блејзери, а познатите модни куќи се погрижија да ни подготват многу атрактивни модели за оваа сезона.

Во тренд се лежерни модели кои може да се носат во различни прилики. Во комбинација со панталони и кошула може да ги носите на свечените пригоди, а во комбинација со тенок џемпер или пак дуксер може да го носите на дневните прошетки. Ова е идеално време за нив, па модните стилисти препорачуваат да имаме барем еден блејзер во плакарот. Кога се во прашање боите актуелни бои се сивата, темна и светла варијанта, тегет, неизбежната црна боја и кремасти нијанси. Овие блејзери може да ги носите и со патики и со кондури. Затоа е добро да ги имате, одговараат на се.

Write A Comment