Денес ќе ве запознаеме со новите есенски бои и новиот тренд за формата на косата. На прво место е омбре ефектот, но не помалку актуелни се темните драматични бои за коса меѓу кои се издвојуваат боите: трула вишна и модра слива. Сите нијанси на црвената, портокаловата и кафеавата се исто така во тренд. Модерни се и прамени во различни бои, зелени, сини, розови, црвени, портокалови, виолетови и сл.




































