Џастин Бибер си го истетовирал ликот на Исус Христос на својата лева нога, позади, на потколеницата. Фоторепортерите ја забележала новата тетоважа кога пред некој ден Бибер бил на една плажа во Калифорнија со татко си.
17-годишниот пејач, кој никогаш не криел дека е голем верник, има и друга тетоважа на хебрејски каде пишува Исус. На левиот колк има и тетоважа со гулаб.
– Јас сум христијанин. Верувам во Господ, верувам дека Исус умрел на крстот за да нè избави од гревовите. Верувам дека сум поврзан со мојот Бог и знам како да разговарам со него. Тој е причината што јас сум тука и тоа мора да се запомни, – е една од неговите изјави, што се однесува до неговата религиозност.

