Мода

Модни трендови кои мажите ги мразат !!!

Најчесто, модните трендови кои жените ги сакаат, мажите ги мразат. Понекогаш, она парче облека во кое Вие се чувствувате најубаво и не е најпривлечна облека за спротивниот пол…

Станува збор за :

Uggs чизмичките – Толку се удобни, што никогаш не би Ви паднало на памет дека некој може да ги мрази…Сепак, тие се на врвот на модните парчиња кои не им се допаѓаат на мажите.

Било што флуоресцентно – Со ова би се согласиле и многу девојки. Флуоресцентните бои или ги сакате или ги мразите…А мажите спаѓаат во втората група !

Премногу драматична шминка – Мажите претежно, ја сакаат шминката, особено кога Ве разубавува. Меѓутоа, не им се допаѓа кога претерувате !

„Греачи“ за нозе – Повеќето момчиња ќе си помислат дека сте залутале од некој подиум од осумдесеттите…

„Харемски“ панталони – Толку се спуштени и развлечени, што воопшто не им се привлечни на момците…

Преголеми очила за сонце – Мажите едноставно не гледаат причина зошто ги прекривате Вашите убави лица со овие чудни очила за сонце…

Напиши коментар