Факт е дека Кристина Агилера драстично се измени за период од неколку години. Веќе не ја препознаваме по витката линија. Сепак, таа тврди дека се чувствува одлично во својата кожа, а дека нејзиниор дечко ги обожава нејзините облини.
– Имам дечко кој го обожава моето тело. Си го сакам телото, мојот син е здрав и жив и тоа е сè што ми е важно, – објаснува таа.
– Ние жените сме постојано на мето што се однесува до нашата линија, Сè додека јас сум среќна во мојата кожа, сум сигурна дека така треба да изгледам. Тоа ми е доволна потврда. Самодовербата е клучната работа која му е потребна на секој уметник, особено на жените.
Инаку, Агилера особено се здебели откако го роди својот прв син.