1. Не сум совршен, ниту пробувам да бидам !
Светот не ги вреднува перфекционистите, туку луѓето кои едноставно, ја завршуваат својата работа …
2. Не можам, ниту пробувам да угодам секому!
Неважно е колку луѓе не те разбираат…Важно е колку те разбираат…
3. Ќе учествувам во нешто во кое јас верувам!
Тоа може да биде било што и сигурно ќе ми донесе среќа и ќе внесе смисла во мојот живот…
4. Ќе си поставам приоритети и прво ќе ги работам важните нешта !
Бидејќи на тој начин се остварува целта…
5. Внимателно ќе ги бирам пријателите !
Тие се семејство кое го одбирам јас. Тие дозволуваат да бидам она што сум …
6. Кога можам, ќе помогнам на другите !
Човекот го добива она што го дава од себе. Колку повеќе помагаш – повеќе ќе ти помогнат…
7.Ќе се фокусирам на позитивни нешта !
Умот мора најпрво да поверува дека може нешто да направи, па истото да го направи…
8. Можам да бидам само она што сум !
Подобро првокласна верзија на сам себе отколку второкласна на некој друг. Тука е убавината..
9. Живеам во овој момент !
Наместо да мислам на минатото и да стравувам од иднината, ќе живеам СЕГА… Не го пропуштам животот по никоја цена…
10. Животот никогаш не е подобар или полош… Тоа е само моја перцепција !
Светот ќе се смени, доколку јас се променам. Мој е изборот дали тие промени ќе бидат позитивни или негативни.
