Здраво тело

Моќните мали семчиња на сусамот

Сусамот е еден од најстарите зачини во светот кој најпрво почнал да се употребува за да се произведе масло. Според записите кои датираат од 3500 години пред нашата ера, сусамот се одгледувал по должината на брегот на Еуфрат и Тигрис.

Сигурно ја имате слушнато познатата реченица “Сезаме отвори се”, што на децата им е асоцијација за некоја волшебна врата, а всушност се мисли на сусамот (сезам) кој се раѓа како зрно кое кога ќе созрее во целост експлозивно се отвара при што семките сусам излегуваат надвор.

Билката сусам традиционално се користела за чистење на кожата, за внатрешно прочистување од токсини. Листовите се користат за смирување на тегобите кај децата како што се пролив, дијареа или тегоби со мочниот меур. Коренот од оваа билка може да помогне за смирување на кашлицата и за лечење на астма.

Се препорачува доилките да внесуваат голема количина на сусам затоа што тоа ќе го зголеми количеството на млеко.

Семето од сусамот ги зајакнува нервите, ја поттикнува работата на мускулите на срцето, создава одбранбена материја против ракот, ги уништува габичките. Маслото од сусам пак со надворешна употреба може да го реши проблемот со хемороидите и разни чиреви.

Ако имате проблем со столицата направете смеса од две супени лажици сусам и две супени лажици мед. Јадете од оваа смеса два до три пати во денот.

Против остеопороза – пропржете две до четири супени лажици семки од сусам и јадете ги во текот на денот како додаток на било која храна.

 

Напиши коментар