Motherhood

Моќно е чувството да се биде мајка !!!

Мотивите, поради кои жената се одлучува на мајчинство се најблагородни…Сепак, постојат и такви за кои би требало да се замислиме…

Илјадници пати имаме слушнато дека чувството кое го овозможува мајчинството не може да се замени со ништо на светот. Истото, може да биде потврдено само од мајка. Оние кои сеуште не се, а премногу сакаат дете, знаат за биолошкиот часовник, очекувањата на околината,чувството дека нема да останат сами, макар и да бидат напуштени од нивниот партнер…Како и да е, мајчинството треба да биде избор и планирање, никако обврска. Најчестите причини за раѓање дете се благородни, но внимателно треба и со оние кои во позадина кријат желбата да се задржи лошиот брак или да се остварат личните, неисполнети амбиции.

Желбата за продолжеток на видот е потврда на нашето постоење–  Секое човечко суштество тежнее кон тоа да се оствари во потполност: биолошки, професионално, емотивно,  социјално…Ако не постои раѓањето, зад нас нема да има потврда дека и ние, некогаш сме постоеле.

Само жената може да роди– Жената тежнее кон тоа, да се оствари на начин кој ќе биде својствен само за неа. Раѓањето, е својствено само за неа. Уште при чинот на зачнување, целото нејзино постоење е спремно за раѓање…Во таа сфера, жената е неприкосновена и незаменлива !

Детето е потврда за моќта на жената– Чувтството на незаменливост, истовремено ја потврдува и моќта. Кога на тој факт, ќе се додаде и можноста за избор ( дали ќе се роди, кога ќе се роди ) жената има уште поголема моќ. Таа ѝ олеснува и ѝ помага во реорганизацијата на личниот живот и усогласувањето со сите улоги кои ќе ги оствари во текот на животот ( сопруга, успешна деловна жена, ќерка ).

Самоувереноста расте–  Човекот е друштвено суштество и со самото тоа има изразена потреба за припадност. Таа желба не е концентрирана само на една групација, туку на различни полиња. Припаѓањето на една жена во групата мајки, може значително да ѝ ја зголеми самоувереноста.

Детето е ремек- дело на жената– Во која доба и да се наоѓаат, луѓето создаваат. Чувството дека нешто створиле, дека дале свој печат, осмислиле начин и помогнале на своето ремек-дело да опстане, да се развие и да се усоврши е неопходно за да се почувствувате дека сте живи и создавате.

Шанса за живот од почеток– Остварувањето на личните и неисполнети амбиции, преку новото суштество што го носиме на свет, никако не е добро. Детето не треба да биде поправен испит на животот од кој не сме задоволни. Тоа е сопственик на неговиот живот и има свои патишта кои не мора да бидат врзани  со нашите желби и очекувања.

Потврда на љубовта на родителите– Љубовта создрава љубов! Кога две личности споделуваат емоции кои достигнуваат огромни височини, се раѓа потребата за создавање на нешто што ќе биде возвишено како и нивната љубов. Детето е заедничко дело на две тела на љубов, кои стапуваат во една нова љубов и по квалитет и по облик.

Детето никако не треба да биде начин да се задржи партнерот– Мото на секој успешен тим е „ Заедно сме посилни“.  Детето е знак на уште поголема јачина и успешност на тимот, а врската или бракот е тим кој го сочинуваат двајца. Тоа не важи за браковите кои се во криза, бидејќи раѓањето на детето нема да го спаси бракот, а не треба ни да го задржува партнерот кој сака да нé напушти. Бидејќи, родителите прво треба да  ја разрешат и пребродат кризата, па дури тогаш да го засилуваат својот тим.

Остварување на очекувањата на околината–  Очекувањето на социјалната средина е една од причините зошто жените се одлучуваат да раѓаат. Современата жена се има изборено за можноста за избор ( кога ќе го роди детето и колку деца ќе роди ). Со тоа, самата на себе си пружила шанса, професионално да не се афирмира, што исто така и дава потврда на незаменливост и моќ.

Детето е сигурност дека жената нема да остане сама– Жената се плаши од самотија и оставање. Партнерот може да ја напушти, но детето секако ќе биде нејзино. Со раѓањето, жената инвестира во својата лична иднина. Тоа е начин со кој ќе се обезбеди себе во староста, да не остане сама.

Напиши коментар