Убавина

Моќта на ананасот

Кога ќе се спомене ананас, веднаш го поврзуваме со диета. Но, ананасот е добар и за кожата. Тоа моќно овошје може на направи чудо со вашата кожа.

Доколку имате проблем со сува и чувствителна кожа направете ја оваа маска за лице. Испасирајте едно парче ананас. Ставете една голема лажица мед, малку маслиново масло и една лажица пченкарно брашно. Оставете ја маската на лице да делува половина час.

Лицето ќе го врати сјајот и еластичноста, а воедно ќе ја добие потребната влажност.

Напиши коментар