Кога одите во продавница, веројатно често гледате цела полица со најразлични врсти на мед. Кога зборуваме за медот како лековит еликсир, најважно е да користиме сиров мед. Сировиот мед не е стерилизиран на висока температура и ништо не му е додавано.
Како се користи?
Многу важна работа за медот е неговиот добар вкус. И децата (над 1 год.) добро го прифаќаат медот.
Ви прикажуваме неколку добри карактеристики на медот.
1. Мед против изгореници
Медот е добро сретстство против изгореници. Содржи разни антибактериски состојки, а неговата ефикаснст е што и помага на изгорената кожа да ја поврати згубената влажност. Доколку сакате да го користите при лекување на помали изгореници, потребно е да нанесете мед на изгореницата и да го прекриете местото со газа.. Не треба да се чува во фрижидер, но за изгорениците годи да е медот ладен.
2. Мед против настинки
Начучно е докажано, дека доколку јадете редовно сиров мед можете да спречите појава на настинки. Медот исто така, помага при ублажување на кашлици и воспаленија на грло. Неговите антибактериски својства пмагаат во борбата со инфекцијата на грлото и горните дишни инфекции. Со благо загревање на сиров мед и со мешање на лековити билки, како изрендан ѓумбир, оставени да стојат по неколку часа, можете да направите одличен сируп против кашлица.
3. Медот во козметиката
Медот е добар за сува кожа посебно посебно поради големата количина на влага, а може да помогне и против алергиски реакции, а добар е посебно за акни и кожни инфекции.Со помош на мешавина од јогурт со мед, се создава ефектно сретство за чистење на лицето или маска. Шеќерот измешан со мед и сирово масло од сладок бадем го прави совршен хидратантниот пилинг за лицето.
4. Медот во борбата против алергиите
Интересен е фактот дека, редовното конзумирање на сировиот мед може да ги спречи алергиските симптоми.
5. Мед за исцелување на рани
Некои интересни студии покажаа дека медот е извонреден исцелувач на раните. Може дури и да ги намали лузните, а помалку е болен од конвенционалните антисептици.