Венчаници како од бајките! Овде ќе ви ги презентираме моделите од последната Monique Lhuillier зимска колекција што беше претставена на модната недела посветена на невестинските фустани во Љујорк. Ова е една неверојатно добра колекција што припаѓа на високата мода со врвна изработка од деликатни материјали а припаѓаат на елегантниот стилски правец со мноштво романтични моменти. Моделите оставаат впечаток на софистициран луксузен дизај и изразена женственост.


























