Дестинации

Монтевидео – градот на големите срца…

Главниот град на Уругвај, Монтевидео е град на преубава, разновидна архитектура. Град кој е многу жив и атрактивен. Широката авенија која со километри се протега низ брегот, големата немирна водена површина од левата страна, навистина создаваат феноменално расположение.

Поради географската положба, Монтевидео  некогаш бил најголемото природно пристаниште. Најубав поглед се овозможува од ридот Серо, кој е оддалечен од центарот на градот, неколку километри. На тоа возвишување се наоѓа тврдина од добата на шпанските освојувања, денес претворена во воен музеј. Тој дел од градот на почетокот од 20 век бил индустриска и работничка населба, а улиците имаат име на држави. Една од нив го носи и името Југославија.

Уругвајците се навистина љубезен и пријателски расположен народ. Многу популарно за овие краеви, за почеток на едно пријателство е понудата на пијалаци од необични садови, мате. Тоа е традиционален пијалак, подготвен од тревата Мате, која расте во Уругвај.

Ова е земја на тангото, местото каде што настанала најпознатата танго мелодија „ La cumparsita “. Жителите на Монтевидео голем дел од слободното време го поминуваат на бреговите долги неколку километри. Преку текот на денот можете да ги видите како шетаат долж брегот, како се бават со некој спорт или се бањаат на некоја од преубавите плажи.

На час и пол возење од Монтевидео, се наоѓа една од најпознатите и најубави плажи во Јужна Америка – Пунта дел Есте. Во летните месеци Уругвајците, а и оние од соседските земји, како што се Аргентина и Бразил, доаѓаат во ова навистина неверојатно популарно и по малку монденско летувалиште.

 

Write A Comment