Една од најдобрите колекции сезонава, што буквално не фасцинира и магепса. Нема жена што не би сакала еден ден да облече ваков совршен фустан. Колекцијата ја изразува женственоста и сексапилот на еден суптилен и префинет начин. Извонредна изработка, првокласни материјали, дискретни акценти – со еден збор, совршена венчаница.












