Еден од најпопуларните модни додатоци за оваа година се тренди околувратниците. Одберете класични, романтични, со бисери, или пак оние што потсетуваат на огрлица….За која варијанта и да се одлучите, не сте погрешиле, сигурно…
Модните диктатори, пратија ново правило (мора да се има), за пролет 2012: околувратник секогаш и секаде!!! Модерни се сите варијанти: и оние кои потсетуваат на крагња од кошула, комбинирајте ги со лежерни џемпери , на кои ќе дадете трендовска нота. Никако нема да промашите ако ги сврстите во својот женствен изглед и ги искомбинирате со чипка и пастелна нијанса. Романтичните чипкани црни и бели околувратници одлично прилегаат на контрастните пастелни нијанси, уште подобро ако имаат и бисери…Поупадливите варијанти на околувратници, кои изгледаат како гердани, сепак ставете ги за вечерно излегување, посебно ако се украсени со бисери, кристали или машни…
Доколку сеуште не сте набавиле околувратник прво погледнете ги нашите предлози, од следнава галерија ….










