Кертис Џексон или попознат како 50 Сент на својот Твитер поставил неколку пораки поврзани со смрт, празна иднина, фрустрации од околината…
– Да бидам искрен, не мислам дека ќе живеам уште долго. Свесен сум дека животот е краток, но не размислувам за самоубиство. Ако умрам вечерва, значи дека сум се погрижил за сè во животот, – напишал раперот.
– Би сакал да сум птица, тогаш би можел да му се посе*ам на цел свет и сите би можеле да се пофалите со тоа. Не ги бришете го*мната.
Напишал и еден статус за својата издавачка куќа „Интерскоп“ која не му пружа иднина.
– Изгубив верба во тоа. Немам што друго да ви кажам и нема да ја промовирам својата музика во јавност, – напишал.
