Здраво тело

Моркови за добро здравје

Освен тоа што се добри за здравјето на очите, морковите имаат толку многу позитивни ефекти врз човечкиот организам што едноставно морате да ги внесувате секој ден.

Богати се со корисни влакна, голема количина на витамин А, анти оксидансот бета каротен, витамин Д, витамини од Б комплексот, калиум, калциум, цинк, етерични масла …

Морковот го прочистува целото тело од токсини, ја зголемува концентрацијата, ја обновува слузокожата на желудникот, го чисти црниот дроб, ја спречува појавата на рак на желудник и цревата, ги зајакнува забите, а исто така и го зголемува бројот на црвени крвни зрнца.

Доколку консумирањето на моркови ви прави тегоби, тогаш е најдобро да го внесувате како сок.

Во кората на морковот се наоѓаат сите хранливи состојки. Убаво измијте ги и никогаш не ги лупете.

Зеленилото од морковот најчесто го фрламе. Но, знаевте ли дека токму во него има многу повеќе минерали отколку во солта. Сварете го зелениот дел и овој чај ќе ви обезбеди огромна количина на минерали.

Напиши коментар