Sweet Home

Moroso – комбинација на удобноста и перфекција

Moroso е компанијата која уште од 1962 година, кога е создадена произведува софи, фотелји и аксесоари во соработка со светски познати дизајнери.

Водена од идејата нејзините производи да бидат удобни, квалитетни и во согласност со еколошките стандарди, компанијата интензивно работи на анализирање на навиките на нејзините купувачи, ги истражува најновите технологии и стандарди.

Затоа, немојте да бидете изненадени ако животот Ве однесе на патување во посета на Марина Абрамович, во дворецот на бахреинскиот Крал, ако имате прилика да посетите дом на некоја позната личност и седите на фотелја со потпис на Moroso.

Оваа година компанијата го слави својот 60 роденден што е доволен доказ за нејзиното реноме. Доколку имате прилика, почувствувајте го задоволството искажано преку некое парче мебел, дизајнирано од Moroso. Може да стане Ваша слатка навика.

Напиши коментар