Sweet Home

Мозаиците – идеални за Вашите кујни и бањи

Изработката на мозаички релјефи од кршен камен, стакло и керамички материјали е позната уште од вавилонската, грчката, римската и египетската уметност.

Во стариот Египет, мозаиците се изработувале од стакло, за разлика од Рим каде што е користен разнобоен камен. Мозаиците биле изработувани и од боена керамика, мермер и други видови материјал.

Мозаички плочки се лесно употребливи плочки. Доколку се одлучите за нив, не само што естетиката ќе биде на Ваша страна, отпорни се на вода и трајни се. Идеални се за бањи и кујни.

Силниот контраст на бои и текстуалната површина на мозаикот даваат контраст на санитарните елементи. Мозаиците во сина и зелена боја асоцираат на свежина и го подобруваат изгледот на бањата.

Подните мозаици, претежно се од каменчиња, а ѕидните можат да бидат и од други материјали. При уредувањето на енетериерот, можат да се употребуваат и за изработка на слики, маси и други стаклени површини. Исто така може да се вградат и во подови на тераси, ходници, а со нив можат да се украсат и работните плочи и други кујнски елементи.

Напиши коментар