Здраво тело

Мозокот сака зрнесто овошје

Резултатите од бројните истражувања јасно покажаа дека со консумирање на боровинки, малини, капини, рибизли и останато зрнесто овошје позитивно влијае на мозокот, го подобрува помнењето и е одлична превенција за последиците од стареењето.

Зрнестото овошје содржи огромна количина на антиоксиданси која го спречува оштетувањето на мозочните ќелии. Научниците им препорачуваат особено на повозрасните лица секојдневно да го имаат ваквото овошје на своето мени.

Освен што е добро за мозокот, зрнестото овошје е богато и со многу витамин Ц и железо. Оваа комбинација е одлична за пдобрување на крвната слика.

Нисклата калорична вредност и ниското количество на шеќери која ја има ваквото овошје се препрачува на сите оние кои сакаат да се ослободат од вишокот на килограми.

Напиши коментар