ШоуБиз

Му го затвориле ресторанот на Џеј Зи!

Департманот за јавно здравје во Њујорк го затворило ресторанот „Club 40/40“ во сопственост на Џеј Зи, бидејќи инспекторите пронашле бројни проблеми кои би го загрозиле здравјето на потенцијалните гости. Не биле во ред и температурите на кои работеле фрижидерите.

Во ресторанот се пронајдени точно 69 кршења на здравствниот код. Готвачите ја подготвувале храната со голи раце, а храната не се чувала на предвиденото место. Во фрижидерот кој наместо на 41, работел на 60 степени, биле пронајдени сурови меса кои делумно биле расипани.

–          Ризикот да заболи некој од гостите беше едноставно преголем, – изјавиле од департмантот.

Можно е ресторанот да ја добие најниската оцена со која еден ресторан би се оценил, а тоа е „С“. Тоа треба да се утврди на сослушувањето следниот месец. Инаку, местото било отворено откако се вложиле 10 милиони долари за реновирање.

Напиши коментар