Сопругот на Penelope Cruz вели дека улогата во 23-тото продолжение на филмот за тајниот агент со наслов „Skyfall“ му е остварување на соништата, па и покрај фактот што за време на снимањето му било забрането да пуши.
Јavier Bardem конечно добил шанса да биде дел од еден филм за James Bond, а воедно и да соработува со режисерот Sam Mendes.
– Пораснав со филмовите за James Bond. Има многу причини поради кои се согласив на улогата – актерската екипа, сценариото, приказната, улогата и самиот режисер.
Bardem во најновиот филм глуми негативец, а за време на снимањето морал целосно да се откаже од цигарите.
– Продуцентите го замолија да не пуши од причина што едно догорче може да запали некој дел од сценографијата која е правена со месеци. Актерот е страствен пушач и ова му падна многу тешко, но брзо се навикна на новите правила, – изјавил близок извор.
