Art & Crafts

Мудри животни совети… Од луѓе кои ја победиле смртта !!!

Дали знаевте дека одредена состојба на умот и некои техники, би можеле многу да Ви помогнат во секојдневниот живот ???

Луѓе кои имаат преживеано различни катастрофални ситуации и во еден момент од животот, речиси се соочиле со смртта, морале да се соочат и со своите одлуки кои, верувале или не,  им го спасиле животот… Michael Tougias за своето истражување зборувал токму со луѓе кои ја почувствувале тенката линија помеѓу животот и смртта и откриле техники кои не само што им помогнале да се вратат во живот, туку наоѓаат примена и во секојдневието…

1. Не навраќајте се на исходите од минатото…

Кога се наоѓаме во некоја ситуација, нашиот ум ја споредува со некоја слична која сме ја имале во минатото. Тогаш, го надоврзуваме исходот од минатото на моменталната ситуација и на основа на тоа донесуваме заклучок дека ако се однесуваме како претходниот пат, сé ќе биде исто.Но, секоја ситуација е различна и мора да се обидеме да го гледаме секој важен настан според неговите сопствени вредности, односно да ја пронајдеме варијаблата која го одредува успехот или поразот…

2. Адреналинот може да биде непријател…

Адреналинот, често нé поттикнува брзо да реагираме. Наместо тоа, подобро да направиме пауза. Краткото застанување и паузата, доста често ни даваат доволно време да размислиме за различни опции, наместо само да „ скокнеме “ во нешто…

3.Не мора слепо да се држите до Вашиот план…

Кога по секоја цена се држиме до својот распоред, често се случува на самиот крај да се најдеме под голем притисок. Подобро е да ѝ препуштиме на самата ситуација да создаде план, дури и ако тоа значи потполно напуштање на сопствениот распоред и повторен обид,,,

4. Концентрирајте се на сегашноста…

Важна одлика на преживеаните е да не губат време на размислувања од типот: Како и зошто се нашле во одредена ситуација и кој е крив за истата ? Преживеаните, не размислуваат ни за подалечната иднина, едноставно го бараат она што мора да го направат во тој момент и она што ќе им помогне да се приближат кон посакуваната цел…

5. Малите чекори се важни…

Иако на прв поглед се мали и неважни, секој чекор е важен за приближувањето кон целта. Без малите чекори, целокупниот успех е невозможен.

6. Одберете ја одлуката што може да се смени…

За да остварите успех, не треба да се плашите да тргнете во друга насока. Не плашете се да ги смените или прилагодите Вашите одлуки спрема развојот на ситуацијата…

7. Славете и мали успеси..

Најдете време за да си честитате и самите за помалите достигнување. Малите победи ни даваат поттик да напредуваме. Немојте само да го чекате конечниот исход… Уживајте и во предизвиците за време на процесот…

Напиши коментар