Мебелот со јасни геометриски облиси, совршено се вклопува во модерниот ентериер и може да биде модификуван на повеќе интересни начини.
Идеалниот мебел, мора да биде функционален, прилагодлив и со стил, како во пространиот така и во ограничениот простор. Компанијата Hey Team дизајнираште популарна и практична солуција за помалите простори.
„ Multiplo modular furniturе “ е повеќенаменски мебел со минималистички карактер. Може да се трансформира во повеќе од 5 различни парчиња мебел. Толку е флексибилен, што може да послужи како голем кревет, повеќе мали креветчиња, маса, салон за седење, фотелја, како и во многу други елементи што одговараат на модерниот ентериер.
Овој модуларен мебел е креиран во ведри бои, а со оглед на различниот спектар од функционалности би можел да стане неизбежна потреба за секој дом…






