Потребни состојки:
– 5 јајца
– 400 гр шеќер
– 200 гр брашно
– 1 кесичка пециво
– 2 лажици какао
– 2 дл млеко
– 1 дл масло
– 1 кесичка желатин
– 100 гр чоколада
Подготовка:
Жолчките изматете ги со 200 гр шеќер, додајте го млекото, па маслото. Исклучете го микерот па додајте го брашното, пецивото и какаото. Сипете ја смесата во намастен плех и испечете го.
Желатинот потопете го во 4 лажици вода. Кога ќе набабри загрејте го и постојано мешајте. Изматете ги белките во цврст снег, додајте 200 гр шеќер и матете додека шеќерот не се растопи. Потоа додајте го желатинот и продолжете со матење. Сипете ја смесата на испечената кора и вратете ја тепсијата во рерна на кратко. Изладениот колач прелијте го со растопена чоколада.