Одличен вкус кој мора да го почувствувате…
Потребни состојки за 4 порции:
– 60 гр чоколада за готвење
– 4 супени лажици овошен сируп
– 1 лажица путер
– 1 лажица рум
– 4 банани
– 150 мл слатка павлака
– 4 топки сладолед од ванила
– 70 гр бадеми
– 20 гр чоколадни трошки
Подготовка:
На пареа растопете ја чоколадата, при тоа додавајќи го овошниот сируп. Потоа ставете го путерот. Измешајте ја смесата и тргнете ја од оган. Исчистете ги бананите и исецкајте ги на тркалца. Изматете ја слатката павлака. На дното од чинијата ставете една топка сладолед, па одозгора ставете банани. Одозгора прелијте со растопената чоколада. Ставете од слатката павлака и одозгора ставете мелени бадеми. Постапката повторете ја додека не се пополни чашата.