Терапијата со музика е еден од алтернативните медицински методи каде се користи музиката со терапеутска цел.
Таа може да е во различни стилски правци, а намената да биде физичка рехабилитација и развој, подобрување на психичките и социјални способности кај децата и сл.
Терапијата со музика може да се приложи кај сите возрасни групи и можат да се применат сите видови музички инструменти.
Некои инструменти се употребуваат почесто, бидејќи имаат поизразен ефект па затоа и предност пред другите.
Според пациентите ова е најлесната и пријатна варијанта за лечење. Експертите тврдат дека слушањето на омилената музика барем половина час дневно ги смирува сетилата и освежува.
Слушањето музика го редуцира холестеролот, ги опушта крвните садови и го намалува ризикот од инфаркт и други опасни болести.
За жал и покрај тоа што оваа терапија од ден на ден е се поактуелна, сеуште тешко се наоѓаат специјалисти што ја практикуваат.
Освен тоа неодамна беше докажано дека класичната музика го подобрува интелектуалниот развој кај децата, а кај возрасните го намалува стресот, што од своја претставува превенција од многу видови тешки заболувања. Добро познат е фактот дека стресот е причина за повеќето психосоматски болести.