ШоуБиз

На бојкот против Katy Perry!

Поради најновиот спот за песната „Part of Me“ пејачката Katy Perry се нашла на удар на феминистките.

Имено, писателката Naomi Wolf, која е напозната по книгата „Мит за убавината“, вели дека спотот ѝ наликува како пропаганда за американските маринци. Wolf која се декларира како феминистка, изјавила дека е голем фан на Katy Perry, но дека по гледањето на видеото решила да повика на бојкот, бидејќи спотот промовира одење во војска.

Еве што напишала на својата Фејсбук страна:

–          Дали го видовте последниот спот на Katy Perry? Се работи за пропаганда на маринците… Баш ме интересира дали добила пари од нив за оваа реклама. Срамота. Ве повикувам на бојкот против пејачката која инаку многу ја почитував, ако спотов ве навредува колку и мене.

Што мислите вие? Да ја бојкотираме Katy?

Напиши коментар