Иако е доста ниска, оваа позната актерка секогаш знае како да го прикрие овој физички недостаток и од себе да направи вистинска секс бомба. Кратките парчиња облека се дефинитивно нејзин фаворит.
Eva Longoria e вистински љубител на шорцеви и кратки панталони, па постојано ги комбинира на најразлични начини и секогаш има соодветно парче за секоја пригода. Досега речиси и да не се случило, Eva да ја премине границата на добриот вкус.
Овој пат, прекрасната „очајна домаќинка“ се упатила кон своето студио, а во оваа елегантна и заводлива комбинација го привлекла вниманието на сите околу себе. Целиот изглед го финиширала со високи потпетици што уште повеќе ја истакнале нејзината витка фигура и совршени нозе.

