ШоуБиз

На кого Robbie Williams му покажува среден прст?

Кога го здогледале во еден ресторан, папараците веднаш почнале да го сликаат. Потоа ги објавиле фотографиите со заклучок дека пејачот се здебелил. Тоа на Robbie Williams воопшто не му се допаднало…

Поради тоа не чекал многу долго да им одговори на папараците на свој начин, како возврат за тоа што не го оставиле на раат да си ја заврши вечерата.

–          Драги папараци (кои ме чекавте во заседа додека вечерав пред некој ден), ви благодарам што ја објавивте мојата ужасна фотка што ја напрвивте кога го напуштав ресторанот и што напишавте дека сум се здебелил. Еве ви слики направени дома кај мене, еден ден откако вие ме сликавте. Со љубов и почит, Robbie, – напишал 38-годишниот пејач и ја приложил токму оваа слика на која е гол до половина и ги покажува двата средни прсти.

Од сликата се гледа дека пејачот е во одлична форма и нормално дека го растревожиле написите на новинарите.

Напиши коментар