ШоуБиз

На кој се разбеснила Carla Bruni?!

На таблоидите кои ги објавиле папарацо сликите од нејзината ќерка Julia. Првата дама на Франција вели дека ќе биде ригорозна и ќе го казни непочитувањето…

Белгиските и француските медиуми ги објавиле првите фотографии од ќерката на францускиот претседател Nicolas Sarcozy и неговата сопруга Carla Bruni.

–          Некои медиуми објавиле слики без мое знаење. Тоа често се случува, но сега во прашање е 5-месечно бебе и никој нема право да ги објави фотографиите на нејзиното лице без мое одобрување, – напишала Karla на својот сајт.

Таа вели дека направиле сѐ за да ја заштитат приватноста на детето и дека ќе ги казни медиумите кои не го почитувале тоа.

Напиши коментар