Модната куќа Lanvin е омилена помеѓу звездите, особено е омилена на оние кои сакаат да изгледаат стилски, елегантно и сексапилнато. Облеката и модните додатоци на Lanvin прават секоја жена да се изрази на неповторлив начин.Стилот на двете млади дами кои ќе ви претставиме денес, прилично еволуирале во последниве години и тие се повеќе се потпираат на квалитетна и актуелна мода.Актерката Ема Стоун одлучи да го поддржи партнерот Ендру Гарфилд за време на Бродвејската претстава “Death of a Salesman”во Њујорк, во која тој учествуваше.Убавата 23-годишна ѕвезда за настанот одбра гардероба во беж-кафени нијанси, фустан во грчки стил во кремаста воја од колекцијата на Lanvin.Ема исто така избра одлични чевли од колекцијата на Lanvin.Со исти чевли блесна и ВОЛШЕБНАТА Лиа Мишел пред неколку дена.Темнокосата актерка неодамна стана лице на L’Oréal Париз. Неспорно е тоа дека младата Леа е една од најпознатите, најпозитивните и најблескави дами во шоу бизнисот.
ШоуБиз

![article-0-12314167000005DC-457_634x860[1]](http://boza.mk/wp-content/uploads/2012/09/article-0-12314167000005DC-457_634x8601.jpg)






