Убавина

На лицето ни се гледа се што јадеме

Се што ќе внесеме во организмот ни се отсликува на квалитетот на кожата. Дознајте кои се грешките кои ги правите, а не сте ни свесни.

Чаша млеко за здравје. Така велеа и вашите родители кога бевте мали. Но, кравјото млеко содржи органски материи кои предизвикуваат предвремено стареење на кожата. Млечните производи доведуваат до воспаленија на кожата која резултира со акни.

Јадете за да измате убава кожа. Свежото овошје и зеленчук ви се најпотребни. Гледајте да ги намалувате колку е можно шеќерот и солта. Тие оставаат траги на вашето лице.

Водата од тиквиците и краставиците подобро ја храни кожата од онаа од шише. Милион пати до сега имате слушнато дека треба да пиете минимум по 8 чаши вода во денот. Но, дали знаевте дека таа вода ја исфрламе многу брзо. На кожата и е потребна голема количина на вода за да биде здрава. Затоа внесувајте ја на поинаков начин, така што ќе се задржи подолго во телото. Јадете краставици, тиквици, лубеница… и се она што е многу сочно и содржи голема количина на вода.

 

Напиши коментар