Мадона открива дека не би сакала да го поминува својот живот сама.
– Не сакам да живеам сама. Го обожавам фактот што сум мајка, децата ме исполнуваат на повеќе начини и ме инспирираат, но ми треба партнер во животот. Сметам дека повеќето луѓе така се чувствуваат, – изјавила пејачката.
– Никогаш не сум живеела конвенционално, па би било глупаво одеднаш да почнам да носам конвенцинални одлуки, – додава таа.
Мадона признава дека никогаш не ѝ било во план да се гледа со толку помлади дечковци, но едноставно судбината ја однесла натаму.
– Едноставно се случи. Тоа е романтичното во мене, сретнав некој кој ми значи и не ми е гајле колку години има тој, – завршува Мадона.
